Почнува јубилејното 20-то издание на „ОФФест“

Од:

Дваесеттото издание на „OFFest“ започнува денеска, а ќе трае до 13 ноември.

Како што информираат од Скопскиот џез фестивал, сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина и Раул Рефри“, кое испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia“, посветен на култната кралица на фадото.

На програмата на фестивалот се повеќе музички изведувачи меѓу кои триото „ШИРОМ“ од Словенија, гитаристот/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Кико Динучи и неговата специјална гостинка Јусара Марсал.

На фестивалот ќе настапи и африканскиот автор Блик Баси (Камерун/Франција) кој одлично се вклопува во неодоливиот шарм, визија и поезија на Пијан славеј (Македонија), новиот проект на Бранислав Николов, фронтменот на Фолтин.

Фестивалот се одржува во Македонската опера и балет.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска