Горивата поевтинуваат за половина денар

Од:

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, а 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50 денари, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинствата е 66,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денари и килограм ќе чини 41,445 денари.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 процент во однос на утврдените цени пред една недела.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,637 проценти, кај дизелот за околу 2,055 проценти, кај екстра лесното масло за 2,660 проценти, а кај мазутот за околу 2,234 проценти. Курсот на денарот во изминатиот седумдневен период е за околу 0,146 проценти повисок од курсот на доларот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95