ВИДЕО: Во кафуле во Москва се играат игри како од „Сквид гејм“

Од:

Едно московско кафуле инспирирано од серијата „Сквид гејм“, на своите посетители им приредува игри како оние во серијата.

Во игрите може да учествува секој што ќе потроши најмалку 600 рубљи, односно 8 евра во кафулето. Менито вклучува азиски конзервирани газирани пијалоци, јапонски супи и друга корејска брза храна. „Kонтролорите“ со маски и лажно оружје преку рамениците добиваат нарачки на касата, но касиерките се облечени во зелени одела како играчи од серијата.

Заедно со нарачката, на посетителите заедно со шеќерните бисквити им подаруваат и тенки игли. Во една од игрите во серијата, неопходно е да се отсече фигура од шеќерен бисквит со игла за десет минути. Оној што не успева или му е скршена фигурата, контролорите го „убиваат“ на лице место од автоматот. Овде правилата се речиси исти, само што наместо куршум „контролорот“ на губитниците им дава лута црвена пиперка која треба да ја изедат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот