Арсовска и Јовановска едниствените жени на градоначалнички позиции

Од:

Данела Арсовска и Жаклина Јовановска се единствените жени кои ќе раководат со локалните самоуправи од вкупно 80 општини и Градот Скопје.

Град Скопје првпат доби градоначалничка, откако независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Данела Арсовска го победи противкандидатот Петре Шилегов, кој раководеше со Градот во изминатите четири години.

Вчера победи и Жаклина Јовановска, која и досега беше градоначалничка на Старо Нагоричане.

Според родовата застапеност, од вкупниот број кандидати за градоначалници на Локалните избори 2021, 91,64 проценти беа мажи, а само 8,36 отсто жени.

На овие локални избори имаше 572 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10.532 кандидати, од кои 55 проценти беа мажи, а 45 проценти жени.

Се уште нема анализа на податоците за бројот на жени советнички во советите на општините и во Градот Скопје, а од ДИК најавија дека со такви податоци ќе излезат по конечното завршување на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

До Собранието не е стигната оставката на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Формирано е ново мнозинство во Советот на Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Шилегов: Силна финансиска поддршка за младите родители, средношколците и за студентите

Шилегов од Кисела Вода: Се реализираат низа капитални проекти истовремено

А1он