Нов оптимизиран режим на испорака на топлинска енергија во Скопје

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ) со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем.

-На стартот на грејната сезона, БЕГ во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на живеење. Пропишаната температура од 6 до 22 часот е загарантирана, а сметките ќе останат исти, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Новиот оптимизиран режим на испорака, додаде, ќе придонесе за намалување на осцилацијата на внатрешните температури во објектите.

-Количината на потребната топлинска енергија ќе остане непроменета, бидејќи со зголемувањето на времето на испорака ќе се намали ангажираната моќност на објектите, прецизира Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот

Поскапува дизелот

Пониски сметки за струја во првиот блок, пристап до мрежа од 200 денари ќе плаќаат и оние што штедат

Катерина Ѓуровски

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Трговците ќе можат да не снабдуваат со струја од Косово – Регулаторна комисија потпиша соработка

A1on