На „БитФест“ вечер на поезијата од Блаже Конески

Од:

Во рамки на битолскиот летен фестивал „БитФест“ вечерва во културниот центар „Магаза“ за љубителите на пишуваниот збор и поезијата на Блаже Конески ќе биде приреден музичко-сценски настап со наслов „Парче душа“ кој ќе го изведе актерот Љупчо Тодоровски-Упа.

Проектот на Тодоровски-Упа почнал во 2010 година на манифестацијата „Охридско лето“ и е одлично прифатен од публиката за што потврда се триесеттината настапи на актерот низ Македонија.

Поезијата на Блаже Конески е значајна за сите генерации и посебно за средношколците кои со ова творештво се среќаваат во наставниот процес низ лектири и книги со песни од Конески основоположникот на современиот литературен македонски јазик, информираат од „БитФест“.

Вечерната фестивалска програма ќе биде збогатена со концерт на флејта и пијано во изведба на уметниците Гоце Талевски и Елена Христовска кој ќе се одржи во националната установа Завод и Музеј. На програмата сс дела од Иберт, Генин, Шуберт, Доплер и други композитори.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање