ВМРО-ДПМНЕ: Државата троши дупло повеќе отколку што произведува струја

Од:

„Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши дупло повеќе отколку што произведува струја. Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО.

Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас.

Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризнп тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС