Што научивме за љубовта од бајките?

Од:

Иако можеби нашите мајки со нивните мудри зборови оставиле неизбришлива трага на нашето гледање на љубовта, никој како принцезите од бајките на Дизни тоа не го прикажа во „пракса“.

Пепелашка

Ако ја играте играта „топло-ладно“ многу подобро ќе поминете во љубовниот живот. Пепелашка умеела во клучниот момент да се отргне од прегратките на принот и да исчезне, а би требало тоа и вие да го правите.

Значи, на првиот состанок обидете се да бидете благо дистанцирани и токму тогаш кога ситуацијата ќе стане „топла“ речете дека имате некои неодложни обврски. Ако е и малку сличен на вистинскиот принц, со нетрпение ќе чека да ве види повторно.

Убавицата и ѕверот

Жената може да игра со машкиот карактер и да го менува како што сака. Барем во бајките. Меѓутоа, има малку вистина во тоа, како и Бела од „Убавицата и ѕверот“ од секое „чудовиште“ може да се направи принц, секако, ако сте вешти. Потсетете се на онаа стара изрека дека „убавиот збор и железни врати отвора“, и секој вистински маж на тоа не може да одолее.

disney5snezana

Снежана и седумте џуџиња 

Играјте на картата на љубомора! Ако имате машки другари, никако немојте од нив да се откажете кога ќе влезете во врска. Верувајте дека успехот на Снежана има врска со тоа што живеела со седумте џуџиња – мажи. Ако не се откажете од машкото друштво, на вашиот сакан му испраќате сигнали дека добро се снаоѓате во машко-женските односи и дека знаете да направите разлика меѓу другар и партнер. Само немојте да претерате со предизвикување на љубомора. Би можеле да се задавите…

Малата сирена

Заборавете се што се знаеле за важноста на разговорот за функионирањето на врската. Ариел докажува дека се што ви е потребно е говорот на телото. Ако го запоставиме чешлањето со вилушка, кое го практикуваше принцезата сирена додека не се навикна на животот на копно, од неа многуможе да се научи за таа вештина. На крајот на краиштата, ќе признаете дека бакнежот вреди повеќе од илјада зборови.

little_mermaid_final

Аладин

Ако подобро размислите за односот на убавата Џасмин и крадецот Аладин, ќе разберете дека во вистинската љубов нема предрасуди. Ниедно лице не е „под вас“ и заслужува подобро да го запознаете. Исто така, на Аладин во освојувањето на љубовта му  помогна симпатичниот мајмун, што е целосно природно. Поточно, мажот кој има домашно милениче за кое добро се грижи, покажува дека има своја нежна страна и дека можете да му верувате.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска