Најмалку 295 лица загинаа или се исчезнати во поплавите по тајфунот Сулик, кој ја погоди Кина.
Обилните дождови во југозападната провинција Сирчуан паѓаат од 7-ми јули, а во поплавите настрадаа 68 лица, додека 179 се водат како исчезнати.
Според Министерството за јавни работи, уште 41 лице загинале во другите делови на државата.
Официјалните лица се уште не ја утврдија штетата предизвикана од тајфунот, која само во градот Венџоу, во провинцијата Џеѓианг се проценува околу 34 милиони долари.
Елена Георгиевска