Oружјето на Бони и Клајд ќе се продава на аукција

Од:

Оружјето на славните одметници, љубовници и пред се, ограбувачи на банки, Бони Паркер и Клајд Бероу ќе биде предмет на аукција која ќе се одржи во септември во Њу Хемшир.

Тоа не беше доволно да ги спаси од американските полицајци кои ги фатија во 1934 година, но секое од пронајдените пушки и пиштоли кои им припаѓаа на Бони и Клајд, 80- тина години подоцна се очекува да им донесе на аукционерите помеѓу 100.000 и 200.000 долари.

Покрај оружјето на аукцијата ќе се продаваат и други предмети кои биле најдени кај нив, како на пример, златниот џебен часовник на Клајд, карминот на Бони и другите козметички производи, кафеавата скаена кутија која била пронајдена во внатрешноста на автомобилот на мафијашите, писма, фотографии.

Според податоците на ФБИ, Бони и Клајд ја започнаа својата љубов во Тексас, 1930 година и се верува дека извршиле 13 убиства и неколку грабежи.Двојката стана најозлогласениот пар во тоа време низ цела Америка.
Се очекува аукцијата да привлече големо внимание и да настане „војна“ околу купувањето на сувенири од познатите гангстери, кои иако биле опасни, сепак несомнено биле дел и од една романтична љубовна врска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он