Директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман е уапсен. Тој претпладнево е донесен во Кривичниот суд.
Апсењето е поврзано со „Фаланга 2“ која беше спроведена во мај годинава, и беа приведени 14 од вкупно 19 лица вклучени во криминална мрежа што го распродавала националното културно-историско богатство.
Акцијата беше спроведена на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје.
Претреси беа извршени во 23 објекти и беа пронајдени голем број предмети, меѓу кои, покрај бронза и керамика, имаше и икони за кои постојат сомневања дека се украдени од македонските цркви.
Фактот што во групата имало службени лица од Управата за заштита на културното наследство и од неколку музеи во Македонија зборува за тоа дека лицата што се занимавале со овие криминални активности биле лица што, условно речено, стручно ја познаваат оваа проблематика, што значи дека тие точно знаеле при ископувањето и откривањето на некои предмети дали пронајдениот предмет евентуално би постигнал висока цена на црниот пазар – изјави Јанкулоска по нивното апсење.
Од четворицата вработени во Управата за заштита на културно-историското наследство, само на еден му беше одреден притвор од триесет дена, додека другите тројца пуштени со обврска да се јавуваат пред надлежен државен орган