Мас: Одлуката на Москва ја направи ситуацијата уште потешка

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас реагираше на објавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Москва ја затвора мисијата на НАТО во Брисел, истакнувајќи дека одлуката „ја направи ситуацијата уште потешка“.

– Ова ќе ги направи работите уште потешки, иако тие веќе се доволно тешки. Германија побара од НАТО да влезе во дијалог со Русија, изјави Мас по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој додаде дека Русија претходно посочи дека сака да разговара.

– Мораме да признаеме дека Русија не сака. Тоа е повеќе од жално, таа одлука што беше донесена во Москва … Тоа сериозно ќе ги наруши односите, нагласи Мас.

Пратеник на која било земја – членка на НАТО може, во име на целата Алијанса, да одржи итен контакт со руската страна, откако Русија одлучи да ги повлече акредитациите за персоналот на НАТО во Москва од 1 ноември, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Претходно, НАТО ги повлече акредитациите за осум руски службеници на мисијата на НАТО во Брисел, тврдејќи дека тие се припадници на руската тајна служба, по што Русија ја затвори својата дипломатска мисија при НАТО во Брисел.

„На рускиот амбасадор во Белгија ќе му биде дозволено да одржи итен контакт со седиштето на Северноатлантската алијанса. По дискреционо право на Алијансата, амбасадорот на земја членка на НАТО во Москва ќе може да обавува слична функција”, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија