Maкедонско-Американската Алумни Асоцијација – MAAA и Сеавус Акцелераторот, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје отвараат повик за тимови и стaртапи на тема: Надминување на последиците од КОВИД пандемијата.
Целта на повикот е се инспирираат младите креативци да дадат свој придонес во надминувањето на последиците од Ковид 19 преку сопствено оригинално дигитално решение кое адресира проблеми и прашања директно или индиректно предизвикани од пандемијата.
Периодот на возобновување на сите општествено економски активности, но и психолошко опоравување и зајакнување е исклучително важен во сите сфери и кај сите категории граѓани. Младите луѓе беа особено погодени од пандемијата, но од друга страна тие покажуваат и голема креативност и иновативност во изнаоѓање модели и начини за олеснување на тешкотиите поврзани со пандемијата.
“Со поддршка од Амбасадата на САД во нашата земја, Македонско-Американската Алумни Асоцијација даваше и дава стручна поддршка во надминување на последиците од ковид пандемијата. Во овој правец е и повикот со кој сакаме да привлечеме што повеќе идеи од млади луѓе, кои ќе предложат идеи за решавање на предизвиците со кои се соочуваме сите во овие времиња“, вели Верица Јорданова, претседател на МААА.
За кого е наменет овој повик?
Млади тимови/стратапи од 3 до 5 членови кои се на возраст до 27 години со идеја за иновативно дигитално решение кое адресира проблеми и прашања директно или индиректно предизвикани од пандемијата кои ќе пополнат и испратат целосна апликација најдоцна до 20ти октомври.
Како да се пријавите?
Заинтересираните тимови и стратапи кои сакаат да пријават идеја, да пополнат апликација на следниот ЛИНК!
Како дел од апликацискиот процес, секој тим треба да достави кратка презентација од 10 слајда (ppt.pdf и сл) и кратко аматерско видео од 3 минути за претставување на тимот и проблемот кој го адресираат.
Што добиваат тимовите?
Сите апликации ќе бидат разгледани од комисија во состав член на СЕДЦ, МААА; Министерство за здравство. Комисијата ќе избере 3 победнички решенија (прво, второ и трето место) и соодветно ќе додели парични награди во вредност од 3000$, 2000$ и 1000$.
Дополнително најдобриот тим ќе добие менторска поддршка од Сеавус Акцелераторот и можност за влез во нивната Tech Boost програма.
“Со оваа иницијатива наша цел е да го поттикнеме претприемништвоо кај младите, да увидат дека поркај можноста за вработување во државниот или корпоративниот сектор постои уште една опција а тоа е започнување на свој бизнис. Па оттука ова е одлична можност за сите млади креативци да влезат во светот на претпримиштвото и во самата стартап заедница која нуди лепаза на можности за нив.” изјави Ангела Митриновска, програмски координатор на Сеавус Акцелераторот
Аплицирајте на следниот линк. Повикот е отворен до 1ви ноември.