Многу се истражувањата каде жените се главни актери. Но, најинтересно секогаш е она на тема „совршен маж“ или „маж кој е на цена“. Неодамна се обработени податоците од последното големо истражување (Vanity Fair, 60 seconds) и жените го кажаа своето.
Значи, совршен маж за минатата, оваа, а најверојатно и наредната година (доколку не се случи некаков значаен цивилизациски пресврт) изгледа вака:
Има 40 години
Успешен лекар е
Ја сака својата мајка
Ретко пие
Поточно, 35 отсто од испитаните жени наведоа дека образованието на мажот е најважно, а веднаш потоа и да биде верен и да биде џентламен.
Само еден процент од жените рекле дека им е важно тој да е во добра кондиција и редовно да вежба.
Што значи, за повеќе од третина од испитаните жени пред очите им се појавува доктор Дерек Шепард (серијата „Вовед во анатомија“) кога замислува идеален маж. Додека само три отсто мечтаат за Дон Драпер („Момчиња од Медисон“).
Податокот кој ги изненади истражувачите е дека дури 69 отсто од жените изјавиле дека им значи нивнот идеален маж да ја сака својата мајка, да е поврзан со неа и таа да има над него контрола (девет проценти сметаат дека целосна контрола сепак е најдобро решение).
Ова жените го објаснуваат со тоа дека квалитетот на односот меѓу мажот и неговата мајка е клуч за стабилна емотивна врса на мажот и неговата избраничка.
За успех на мажите, поголем број од жените мислат дека е пресудна 40-тата година – може да се каже дека е успешен ако во овој период од животот постигне добри резултати на работното поле. На останатите, годините не им се важни – успехот може да се случи и во подоцнежните години или пред смртта.
Така што најдобар совет на момчињата кои се определуваат за професија да запишат некој медицински факултат, да пуштат мајката да им го контролира животот, да не се навикнуваат на силни пијалоци и да седат дома и учат, затоа што од физичките активности, очигледно, нема да имаат корист.