Курсеви за македонски, албански и турски јазик во средните училишта во Скопје

Од:

Во 23 средни училишта на Град Скопје деновиве ќе почне третиот циклус тримесечни онлајн-курсеви за изучување на албанскиот, македонскиот и турскиот јазик, наменети за ученици и наставници. Тие се дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ предвиден во Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и во Програмата за активности на Град Скопје од областа на образованието за 2021 година.

Како што информира Град Скопје, ќе бидат опфатени вкупно 825 наставници и ученици, дел од нив ќе следат почетни курсеви, а дел продолжителни. Според искажаниот интерес, 296 ученици и осум наставници ќе следат почетен курс за изучување на македонскиот јазик; 148 ученици и 49 наставници ќе следат почетен курс за изучување на албанскиот јазик, додека пет ученици и 14 наставници ќе следат продолжен курс, 251 ученик и 36 наставници ќе посетуваат почетен курс за изучување на турскиот јазик, а 16 ученици и двајца наставници ќе следат продолжен курс.

– Со посетување на курсевите младите ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна јазична социјализација. Целта на проектот е стимулирање на училишните заедници да градат и развиваат позитивни интеракции помеѓу учениците и наставниците од различни етнички заедници и ги следи принципите на владината Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, соопшти Град Скопје.

Курсевите ги држат наставници вработени во средните училишта и се логистички и финансиски поддржани од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта

Горан Наумовски

Од денеска до вторник запишување во средните училишта за учебната 2024/2025 година

Сојуз на средношколци: Да се зголеми безбедноста во училиштата

Заразени наставници и ученици во Средното уметничко училиште, отсега само онлајн-настава

Жарко Настоски

Шилегов се сретна со директорите на средните училишта околу почетокот на школската година

Жарко Настоски