Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон ја осуди вчерашната пресуда на московскиот суд, кој го обвини Сергеј Магнитски поради затајување на данок, три години откако почина во затвор.
-Магнитски е постхумно прогласен за криминалец врз база на нецелосни докази, додека корупциските скандали кои што ги разоткри, ниту причините за неговата смрт, не се утврдени-стои во соопштението на Ештон.
Во соопштението се наведува и дека Ештон е загрижена поради затворањето на истрагата за смртта на Магнитски, наспроти доказите дека зад тоа се крие нешто.
И Вашингтон изрази незадоволство поради пресудата.
-Разочарани сме поради постхумната пресуда на Магнитски за кривичното дело, кое е без преседан-изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки.
Елена Георгиевска