Ставрески: Потврдена решеноста на „Сахара Индија Паривар“ да инвестира во Македонија

Од:

Потврдена е решеноста и способноста на индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ да го реализираат проектот во Македонија во делот на туризмот односно проектот во Љубаништа, со сите сегменти што ги содржи, изјави вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески по денешната неколкучасовна средба со менаџерскиот тим на компанијата.

Тој истакна дека е разговарано и за други потенцијални проекти што се речиси извесни, дел во земјоделството, во филмската индустрија и во други области.

– Се работи за повеќе комплексни проекти што опфаќаат повеќе аспекти. Успеавме да рачистиме дел од дилемите, да се договорме околу некои работи, рече Ставрески.

Тој изрази задоволство што на средбата е потврдена подготвеноста како од македонска, така и од страна на инвеститорот, за соработка и дека веќе се формирани експертски тимови што ќе го движат процесот напред.

– Се надеваме дека во текот на следната година ќе се реализирааат градбите кои ќе овозможат нови работни места, нови инвестиции, како за граѓаните на Охрид, така и пошироко во Република Македонија, истакна Ставрески.

За барањето на индиската компанија за дополнително земјиште во Љубаништа што би било наменето за сместувачки капацитети за персоналот ангажиран во комплексот, Ставрески истакна дека на денешниот состанок било утврдено проектот „Сахаријан Македонија“ да се реализира во рамки на првичната проекција.

– Архитектите утврдија дека нема потреба од дополнително земјиште за тој проект односно дека во рамки на првично предвиденото може да се акомодира она што е замислено, и на тој начин ќе се реализира самиот проект, рече Ставрески.

Тој нагласи дека престојат доста работи што треба да се завршат, како од аспект на урбаното планирање, на експропријација, договори со сопствениците на земјиште, тендерирање со запазени сите аспекти на транспарентност на процесот, еколошка заштита и слично.

– Очекувањата наши и нивни се дека некаде до средината на идната година би можело да се започне со градба и да се реализирааат дел од предвидените активности отаму што се работи за голем и значаен проект чија реализација ќе се спроведува во подолг временски период. Но, значајно е истиот да отпочне и со сигурност можеме да очекуваме идната година да почне неговата реализација, истакна вицепремиерот.

Во врска со делот од земјиштето во Љубаништа што е во сопственост на Македонската Православна Црква, Ставрески рече дека досега немале официјални разговори со МПЦ, бидејќи се чекало да се утврдат конечните граници на опфатот на земјиштето за кое е заинтересиран инвеститорот.

– Сега кога тоа го имаме, ќе пристапиме кон разговори со МПЦ бидејќи тие поседуваат голем дел од земјиштето и секако ќе биде значајно да постигнеме договор и со нив околу тоа, но, верувам дека ќе се најде решение во рамки на постоечките законски прописи, додаде министерот Ставрески.

На средбата во Охрид покрај Ставрески присуствуваа и министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за транспорт и врски Миле Јанакиески, Виктор Мизо од Агенцијата за привлекување странски инвестиции, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и претставници на национални и научни институции од Охрид, како и голема 30-члена менаџерска делегација на „Сахара Индија Паривар“ предводена од милијардерот Субрата Рој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска