„Сахара Индија Паривар“, компанијата на контроверзниот Субрата Рој бара поддршка од Македонија и народот за реализација на нивните големи проекти.
Сушанто Рој, синот на Субрата Рој, вели дека „Сахара Индија Паривар“ очекува поддршка од државата и народот за реализација на големите планови кои компанијата ги има со Македонија.
„Има многу работи кои ги планираме во Македонија. Ќе донесеме експерти од Индија кои ќе работат на развој на повеќе сектори како угостителството, земјоделство, фармерство и друго. Очекуваме поддршка од државата и од народот. Мислам дека 2014 или 2015 ќе може да се видат многу градби и конкретни активности. За реализација на нашите планови подготвуваме голем тим кој ги разгледува сите проекти што ќе ги работиме тука“, изјави Сушанто Рој.
И тој како неговиот татко е воодушевен од убавините на Македонија која, вели, има исклучителни потенцијали за водење бизнис.