Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судот да му го врати неговиот налог на Твитер во обидот да издејствува укинување на трајната забрана за користење на оваа социјална платформа.

Трамп (75) вчера поднесе прелиминарна тужба против Интернет гигантот, барајќи брзо враќање на неговиот налог.

Тој тврди дека Твитер го откажал неговиот профил, што имал околу 80 милиони следбеници, поради притисокот на политичките противници.

На Трамп му беше забрането да ја користи страницата на 8 јануари „поради ризик од натамошно поттикнување на насилство“, соопшти тогаш Твитер.

Тој, исто така, беше исклучен од Фејсбук и ЈутЈуб, откако беше обвинет дека во јануари ги поттикнал своите поддржувачи да се соберат и упаднат во Капитол, во Вашингтон. Одлуката дојде по неговите неосновани обвинувања за измама, во време кога ги загуби претседателските избори од Џо Бајден.

Адвокатите на Трамп изјавија дека неговиот налог на Твитер стана „дигитално градско собрание“ и важен извор на вести и информации за владините работи.

Меѓутоа, „цензурата и претходните ограничувања на налогот на Трамп на Твитер се вонинституционална повреда на слободата на говорот“, се наведува во барањето до судот.

“Земјата нема да има корист од обидите за ограничување на политичкиот говор. Ќе има уште помала корист од обидите за замолчување на политичките говорници”, с дфодава во барањето на правниот тим на Трамп до судот за ослободување на неговиот налог на Твитер.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп