Три деца, близнаци на возраст од седум години како четиригодишно момче биле задавени ноќеска од нивниот татко во домот во загрепска населба. Тој потоа се обидел да се самоубие, преживеал и се наоѓа во болница.
Телото на најмалото дете било пронајдено во спалната соба, а на близнаците во дневната.
Според неофицијалните инфромации, родителите на децата биле разведени и децата најверојатно викендот требало да го поминат со таткото.
Од рано утрово полицијата врши увид, а телата на децата се пренесени во Заводот за судска медицина за обдукција.
Дека ќе направи нешто страшно, таткото најавил на Фејсбук.
„Збогум на сите…“ – напишал меѓу другото во текстот на Фејсбук објавен околу полноќ.
Таткото бил од Виена и бил сопственик на консултантска фирма.