Двајца републиканци обвинети за прикривање на руските донации за изборната кампања на Трамп

Од:

Двајца политички стратези на Републиканската партија на САД се обвинети за нелегално финансирање од странство за изборната кампања на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2016 година.

Според обвинението објавено од Федералниот суд на округот Колумбија, Џеси Бентон и Даг Вид заговориле илегален трансфер на десетици илјади долари – сопственост на руски државјанин, за претседателските избори во САД. Американскиот закон забранува странски државјани да донираат за претседателски кампањи, јави Дојче веле.

Според обвинението, Бентон и Вид му помогнале на руски државјанин да добие билет за политички настан за собирање средства за изборната кампања на Трамп во Пенсилванија во септември 2016 година.

Рускиот државјанин, чие име не се споменува во обвинението, донирал 25.000 американски долари на комитети поврзани со Трамп за да учествува на настанот.

Вистинскиот извор на овие средства за изборната кампања на Трамп бил скриен, а плаќањето било договорено тајно преку Бентон, кој се претставил како донатор.

Рускиот државјанин префрлил 100.000 долари во консултантската куќа на Бентон, а плаќањето било извршено со лажна фактура за „консултантски услуги“. Се истакнува дека Бентон префрлил 25.000 долари од неговата лична кредитна картичка на Заедничкиот комитет за собирање средства, а за себе оставил 75.000 долари.

Бентон и Вид се обвинети за заговор со цел уценување и организирање илегални донации за предизборни кампањи од странски државјанин, како и за давање лажни информации на Федералната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп