Регистрирани 10 тешки кражби во патнички и товарни возила годинава во Тетово

Од:

Во СВР Тетово вчера помеѓу 11 и 12 часот, А.И (54) пријавил дека истиот ден  му било одземено неговото возило „Голф“ со скопски регистерски таблици кое незаклучено го паркирал спроти „Веро“, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци на паркингот во близина на маркетот „Веро“ во Тетово, годинава досега регистрирани се вкупно 10 тешки кражби, од кои 9 во патнички и 1 во товарно возило, а регистриран е и еден обид за кражба.

Најголемиот број од возилата кои биле цел на крадците или не биле заклучени или не биле поинаку обезбедени со алармна или друг вид опрема. Од возилата се одземани чанти, лапотопови и други предмети, а крадците незабележани го напуштале местото.

– Вкупната вредност на одземеното во овој период се проценува на над 222 илјади денари, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски

Четворица осомничени за кражба на половина милион евра од стан во Белград

Лице од велешко село пријавило измама од 251.110 денари

Маж од Гевгелија крадел во Стар Дојран

Полицијата уапси крадци, пронајдени се и украдените предмети