Хрватскиот член на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, од денеска и во следните осум месеци ќе претседава со оваа институција.
Ротацијата во тричленото Претседателство се врши според Уставот на БиХ.
Комшиќ на оваа функција ќе го замени претставникот на српската заедница Небојша Радмановиќ.
Заменик претседателот на Партијата за демократска акција Бакир Изетбеговиќ е третиот член на Претседателството на БиХ, кој е од редовите на Бошњаците.
Комшиќ е роден на 20. јануари 1964 година во Сараево.