Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и инсистира на објективно и навремено расветлување на големата трагедија во тетовската модуларна болница.

Комитетот, како што наведоа оттаму, бара и очекува од надлежните институции да спроведат темелна истрага, со која ќе се утврдат причините за пожарот кој одзеде 14 човечки животи, како и да преземат мерки за утврдување одговорност кај лица и институции, особено во поглед на превентивните мерки за заштита и почитувањето на здравствените и безбедносните протоколи во болницата во Тетово.

– Оваа огромна загуба оправдано ја зголемува недовербата на граѓаните во институцииите на системот и затоа е клучно истрагата да се одвива професионално и транспарентно. Само на тој начин, надлежните органи може да го минимизираат просторот за шпекулации во јавноста и последователните штети, кои во голема мера може да го загрозат справувањето со последиците од пандемијата, истакнаа од Комитетот.

Од Комитетот посочија дека со оглед дека изминатава година се изградени 19 модуларни болници, а имајќи ги предвид информациите дека е отворена посебна истрага за оваа јавна набавка, обвинителството треба во најкус можен рок да излезе со информации кои ќе ги расчистат дилемите околу безбедноста на овие објекти. Истакнаа дека дополнителните капацитети за хоспитализација на ковид-пациенти се од огромна важност за функционирање на здравствениот систем во време на пандемија, но истите треба да бидат оставени во функција само доколку ги исполнуваат безбедносните стандарди.

Хелсиншкиот комитет ја поздравува одлуката за вклучување на странски експерти во истрагата, што ќе придонесе за кредибилитетот на самата истрага и нејзините резулати.

Комитетот продолжува да ја следи работата и постапувањето на надлежните институции на државата, од кои бараме највисоко ниво на професионалност и непристрасност во расчистувањето на оваа трагедија.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Неопходно е инкриминирање на фемицидот во Кривичниот законик

Ана Ололовска