Припадници на Државната агенција за истрага и заштита на БиХ (СИПА), пронашле голема количина оружје во акцијата кај местото Тешња.
Според весникот „Дневни аваз“, оружјето било закопано во земјата и станува збор за една од најголемите количини оружје пронајдено во БиХ по војната.
Се работи, според досегашните сознанија, за гранати пронајдени на локалитетот меѓу Теслиќ и Тешња, кој во војната бил во близина на линијата на поделба.
Со истрагата раководи Обвинителството на БиХ, а во моментот се работи на откопување, евидентирање и транспорт на оружје откако на терен е упатен камион со вооружени сили на БиХ, пишува весникот.