Во Скопје денеска почнува четвртото издание на Фестивалот на светлината.
„Skopje Light Art District“ ќе трае четири дена, а главната тема на годинашното издание е Сонцето како непресушен извор на светлина и бесконечен извор на енергија.
Почетокот на Фестивалот на светлината, денеска на прес-конференција ќе го означат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорот на Универзална сала Филип Аврамчев и уметничкиот директор на фестивалот Александра Стратимировиќ.