Амбасада на САД во Црна Гора: Итно да се смират тензиите

Од:

Американската влада ги повикува сите страни во Црна Гора итно да ја смират ситуацијата, соопшти американската Амбасада во Подгорица.

„Верските слободи и слободата на изразување, вклучувајќи мирно собирање, мора да се почитуваат. Иако имаше многу вперување со прст за тоа кој е одговорен, на крајот поединците ќе одговараат за своите постапки“, пишува на Фејсбук страницата на Амбасадата на САД.

Митрополитот на СПЦ Јоаникије денеска беше устоличен во манастирот Цетиње по свечена литургија. По свечениот чин на устоличување, тој замоли за прошка затоа што свештенството и патријархот видоа во Црна Гора многу непријатности и поделби. Јоаникије беше устоличен со извици „Достоен“. Јоаникије рече дека поделбите се вештачки предизвикани, и дека направиле се да ги отстранат, за што, како што рече, ќе треба многу време. Нагласи дека ќе служи за братско помирување во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски