ВИДЕО: Демонстрантите најавија дека ќе останат на барикадите во Цетиње додека СПЦ не се откаже од церемонијата

Од:

Противниците на устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникије во Цетински манастир најавија дека ќе останат на барикадите цела ноќ односно се додека Српска православна црква не се откаже од церемонијата во Цетинскиот манастир.

Демонстрантите соопштија дека ќе ги спречат српскиот патријарх Порфириј и митрополитот Јоаникије да пристигнат во Цетиње. Се поголем број на луѓе се упатуваат кон центарот на градот.

Демонстрантите денеска го блокираа патот Цетиње – Подгорица. Тие исто така се блокирани и сите приоди кон Цетиње, истурајќи шут, камења, и поставија автомобилски гуми и контејнери.

Денеска беше блокиран и патот кон Будва, со цел да се спречат граѓаните од Херцег Нови и од Тиват да присуствуваат на вечерашната литургија што се одржа пред Храмот на Христовото воскреснување во Подгорица.

Демонстранти соопштија дека ќе ги запалат автомобилските гуми што се поставени на барикадите, ако полицијата се обиде да ја отстрани блокадата.

Претходно на кружниот тек во Цетиње демонстрантите се судрија со полицијата.

Црногорската полиција соопшти дека безбедносната ситуација во Цетиње е неповолна и ризична.

Во Цетиње претходно пристигна претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Претходно, црногорските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ ќе побараат од патријархот Порфириј и митрополитот Јоаникије да го преместат устоличувањето од Цетиње во Подгорица поради наводни можни инциденти.

Додека митрополитот Јоаникиј изјави дека устоличувањето ќе се одржи во Цетинскиот манастир, како и дека превозот до Цетиње ќе биде организиран во договор со полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски