ВИДЕО: Ѓукановиќ пристигна во Цетиње

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ пристигна во Цетиње, објавуваат тамошните медиуми.

Поради немирите во Цетиње пред утрешното устоличиување на митрополитот Јоаникије, Ѓукановиќ се огласи преку Твитер.

„Ги повикувам сите граѓани, сите религии и нации и политички опции, како што сум правел секогаш, заедно да придонесат за зачувување на мирот, стабилноста и мултиетничката хармонија, одговорно да го заштитат животот и здравјето на секој граѓанин и правото на разновидност како наше најголемо богатство. Се разбира, ние мора непоколебливо да ја заштитиме слободата, суверенитетот и достоинството на Црна Гора и нејзиниот народ“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Тој го повика и премиерот Кривокапиќ да го одржи ветувањето и да обезбеди сигурност за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски