ВИДЕО: Во Подгорица литургија, во Цетиње протести

Од:

Во Подгорица се одржува литургија пред свечениот чин предводен од патријархот на Српската православна црква Порфириј, приодите кон Цетиње се блокирани од граѓани незадоволни што устоличувањето на митрополитот Јоаникије утре ќе се одржи во Цетинскиот манастир.

На литургијата присуствуваат партијархот Порфириј, митрополитот Јоаникије, црнопгорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, министрите, како и владици, епископи и други гости.

Претходно, поради немирите во Цетиње пред утрешното устоличиување на митрополитот Јоаникије се огласи претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

„Ги повикувам сите граѓани, сите религии и нации и политички опции, како што сум правел секогаш, заедно да придонесат за зачувување на мирот, стабилноста и мултиетничката хармонија, одговорно да го заштитат животот и здравјето на секој граѓанин и правото на разновидност како наше најголемо богатство. Се разбира, ние мора непоколебливо да ја заштитиме слободата, суверенитетот и достоинството на Црна Гора и нејзиниот народ“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Тој го повика и премиерот Кривокапиќ да го одржи ветувањето и да обезбеди сигурност за сите граѓани.

Претходно, група демонстранти кои се против устоличувањето на новиот митрополит на Српската православна црква во историскиот главен град на Црна Гора, ја пробија полициската блокада на влезот од Цетиње и поставија барикади, но и жив штит.

Приодите кон Цетиње од правец на Подгорица и од Будва се блокирани со големи камења, автомобилски гуми, а дел од демонстрантите седат на патот.

За време на пробивањето на блокадата имаше судир помеѓу полицијата и демонстрантите.

Претходно во центарот на Цетиње демонстрантите ја отстранија жичената ограда поставена од полицијата за да ги држи подалеку од Цетинскиот манастир, каде што утре треба да се одржи церемонијата на устоличување.

Српскиот патријарх Порфириј денеска пристигна во дводневна посета на Црна Гора пред утрешното устоличување на митрополитот Јоаникије во Цетинскиот манастир, на што остро се спротивставија црногорските организации, опозицијата и голем број граѓани денеска се собраа во Цетиње, каде се распоредени најмалку 1.800 полицајци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски