Напнато во Црна Гора, ден пред устоличувањето на црногорскиот и приморскиот митрополит Јоаникије, што треба да се одржи утре манастирот во Цетиње, пренесуваат тамошните медиуми.
Безбедносната состојба е загрижувачка. Група граѓани го блокираа главниот пат Подгорица – Цетиње, објави ЦдМ.
Тие ја пробија блокадата што полицијата ја постави на кружниот тек на влезот во градот, а потоа фрлија камења по патот, поставија гуми и контејнери со цел да го спречат преминот кон Цетиње на српскиот патријарх Порфириј и митрополитот црногорско-приморски Јоаникије, информираат црногорските медиуми.
Полицијата потоа се повлекла.
Во пресрет на денешните протести, неколку полицајци ги соблекоа униформите и отидоа кај граѓаните кои ги блокираа приодите кон Цетиње, од правецот на Подгорица и Будва, со цел да го спречат доаѓањето на патријархот Порфирије и свештенството на СПЦ на устоличување на митрополитот Јоаникије во манастирот Цетиње, објави ЦдМ.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, граѓаните потоа тргнале пеш од блокадата на патот Подгорица-Цетиње.