Вучиќ и Дачиќ на разговори за соработка на претстојните избори

Од:

Делегациите на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Српската напредна партија (СНС), предводени од лидерите на тие партии, Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ, денеска започнаа разговори за подготовки за претстојните избори и продолжување на соработката за реализација на државните и националните политички цели, јави дописникот на МИА од Белград.

– Заедничка проценка на денешната средба, како што кажа самиот претседател Вучиќ, е дека е подготвен да ја продолжи соработката со СПС. Се разбира, нашата страна изрази целосна подготвеност да ја продолжиме нашата соработка сега и во периодот по следните избори, сметајќи на плановите за тоа како треба да изгледа Србија во 2025 година, изјави Дачиќ во седиштето на СПС по состанокот со делегацијата на СНС.

Тој информира дека разговарале час и половина за други теми, како што се регионот, надворешната политика, економската состојба, притисокот врз Србија …

– Успеавме да ги зачуваме и браниме нашите национални интереси и во интерес на Србија е соработката помеѓу СПС и СНС да продолжи, рече Дачиќ.

Во однос на датумот на изборите тој рече дека 10 април не е земен предвид бидејќи е ден на независноста на Хрватска, а 17 април е католички Божик.

– Во разговорот со партиите кои не сакаат учество на странци во дијалогот за изборни услови, како светска вест соопштено е дека изборите ќе бидат на 3 април, што Александар Вучиќ го кажа уште во октомври, бидејќи постојат неколку правни термини во кои овие избори се можни, бидејќи имаме редовни претседателски и редовни избори во Белград, а со нив и вонредни парламентарни избори, рече Дачиќ.

Тој повтори дека за претстојните избори се подготвува „офанзива на тајкуните и опозициските политичари“ и дека неговиот предлог е да се оди со заеднички настап против опозицијата, со обединет настап на партиите на владејачката коалиција.

– Мое мислење е дека ни треба заеднички кандидат, тоа да биде претседателот на СНС и да го поддржиме, како што направивме на изборите во 2017 година, додаде Дачиќ, но нагласи дека таа тема не била на дневен ред.

Делегацијата на СПС, заедно со Дачиќ, ја сочинуваа потпретседателите на партијата Александар Антиќ, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, Предраг Марковиќ, Новица Тончев, Бранко Ружиќ, Жарко Обрадовиќ, Душан Бајатовиќ и претседателот на ИО Владимир Заграѓанин.

Вучиќ ја предводеше делегацијата во која беа премиерката Ана Брнабиќ, Дарко Глишиќ, Марија Обрадовиќ, Милош Вучевиќ, Александар Шапиќ и Миленко Јованов.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он