Турската полицијата попладнево повторно го затвори истанбулскиот парк Гези поради најавеното одржување на нови антивладини протести за вечерва.
Без да даде објаснување зошто го затвора Гези само неколку часа откако беше повторно отворен од страна на градоначалникот на Истанбул Хусеин Авни на официјална церемонија, полицијата го расчисти паркот од посетителите и не дозволува никој да влезе во него.
Паркот Гези беше затворен по бруталната полициска интервенција врз демонстрантите на 15 јуни, кога тие беа насилно принудени да го напуштат поставениот шаторски камп, каде престојуваа околу две недели.