Невработеноста во Грција постигна рекорд, уште ќе расте

Од:

Невработеноста во Грција веќе ги достигна своите рекордни 22,5 проценти во април, но се уште расте, а на ова не помага ниту туристичката сезона, затоа што проблемите во Грција и рецесијата ги избркаа гостите.

Речиси банкротираната Грција е зависена од помошта на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, кои бараа намалување на трошоците. Рецесијата принуди и илјадници бизнисмени да ги затворат своите бизниси.

Аналитичарите предупредуваат дека стапката на невработеност расте и понатаму, но бидејќи „таа е индуктивен показател за поширока економска активност, никако не може да го достигне својот врв, се уште.“

Клучниот сектор во летниот перид, туризмот зафаќа околу едно во пет работни места, но за годинава се очекува и тој да биде слаб имајќи ги во предвид приходите кои паднаа за 15,1 проценти во првиот квартал.

Ситуацијата допрва ќе биде загрижувачка кога во септември ќе започне спроведувањето на новите законски мерки за платите и пензиите, а веќе се знае дека невработеноста во моментот е двојно повисока од просекот во споредба со 17 – те земји на еврозоната, кај кои таа застана на 11.1 % во мај.

Штрајковите, како и насилните анти-владини протести го нарушија имиџот на медитеранска земја, па германските и британските туристи ги избегнуваат античките урнатини и пејсажните острови оваа година.

Коалициска влада на премиерот Антонис Самарас се бори да ги балансира спротивставените барања од заемодавците за штедење и намалувањата на буџетските расходи, да донесе финансии средства во Грција и да ја врати на вистинскиот пат. Наспроти тоа само расте гневот кај Грците кои додека се борат да врзат крај со крај, работите се повеќе се влошуваат.

 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески