Синдикатот на турските новинари ја осуди реакцијата на полицијата при растурањето на демонстрантите на истанбулскиот плоштад Таксим во саботата, се наведува во вчера објавеното соопштение на синдикатот на новинари.
– Најмалку 13 новинари беа повредени од полициски палки, пластични куршуми и солзавец. Над 80 граѓани беа притворени. Ние остро го осудуваме полициското насилство кон новинарите, што ја вршат својата работа и народот, што го користи правото на мирно изразување на својот став, се наведува во соопштението.
Голем број од новинарите се принудени за време на митинзите и судирите да носат маски, поради употребата на солзавец од страна на полицијата за растурање на демонстрантите.