Јапонија: Суга доби ривал за лидерската позиција во владејачката партија

Од:

Поранешниот јапонски министер за надворешни работи Фумио Кишида денеска го предизвика премиерот Јошихиде Суга, најавувајќи ја својата кандидатура за лидерската позиција во владејачката партија.

Најавата доаѓа во момент кога јапонскиот премиер се соочува со намален рејтинг пред општите избори.

Суга изјави дека ќе бара реизбор на 29 септември за време на „трката“ за функцијата претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП), додека својата кандидатура ја објави и министерката за внатрешни работи Санае Такаичи.

Победникот најверојатно ќе биде избран и за премиер поради мнозинството кое го има ЛДП во Долниот дом на Парламентот.

– Луѓето чувствуваат дека нивните гласови не допираат до ЛДП, истакна 64-годишниот Кишида на прес-конференција, додавајќи дека се кандидира со цел да покаже дека ЛДП го слуша народот и е партија која нуди широк избор.

Суга (72) ја презеде премиерската функција минатиот септември со поддршка од околу 70 отсто, но неговиот рејтинг се намали под 30 проценти, во услови кога Јапонија се бори со најлошиот бран на зараза со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио