Со концертот „Живеј со музика“ на оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски вечер во Струмица продолжува манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.
Утре и задутре настаните продолжуваат со научен симпозиум на тема „70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ и „50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“.
Последниот ден од овој месец е резервиран за „Размена на изложба“ со дела од Роза Мојсовска.
Синоќа, пак, во Малиот градски парк се одржа концерт на македонски џез евергрини.