Покојниот Чедвик Боузман го позајми гласот за новата серија на „Марвел“

Од:

Во новата серија на „Марвел“ и „Дизни плус“ – „Што ако…?“ како цртан лик се појавува и Т’Чала – Црниот Пантер, лик што го прослави глумецот Чедвик Боузман, кој почина лани. Неговиот глас разбуди емоции околу покојниот и, сега веќе легендарен актер.

По тој повод се огласи и глумецот Крис Саливен, кој исто така, го позајмува гласот за серијата и за кого, ова било „горко-слатко искуство“.

– Како прво, можноста да се биде на кој било начин поврзан со Т’Чала и Чедвик Боузман е неверојатна чест… Имаше многу чувства што се појавија слушајќи го и гледајќи го дури и во анимиран облик. Да се види љубовта што ја рашири со „Тасерфејс“ и да ги ублажи рабовите на Јонду и сите тие момци, исто така, е забавно подрачје за истражување, вели Саливен.

Боузман снимил повеќе верзии на Т’Чала за „Што ако…?“ за првата сезона. Инаку, се работи за приказни од „паралелни“ или „алтернативи“ светови.

– И секоја од нив е само нијансирана изведба заснована на прилично длабоки мисли што можете да ги кажете од неговиот дел и како сакаме да го прикажеме ликот, вели извршниот продуцент Бред Виндербаум.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американски уметник наслика импозантен мурал со суперхероите на „Марвел“

Жарко Настоски

ВИДЕО: Објавена емотивна исечена сцена од крајот на „Одмаздници“

Ана Ололовска

Марвел го соопшти својот прв ЛГБТ-суперхерој

Ана Ололовска

Марвел најави нови 10 филмови

Ана Ололовска

На 95 години почина популарниот автор на стрипови Стен Ли

Наум Локоски