Фатен крадец на реквизити од детски парк во Кавадраци

Од:

Кавадаречката полиција синоќа фатила кавадарчанец кој украл девет реквизити за детска игра од градскиот парк со намера да ги продаде како старо железо, информира денеска инспекторот за комунални дејности и животна средина при општина Кавадарци, Јованче Колев.

– Се работи за реквизити кои беа наменети за реконструкција на детскиот оддел при градскиот парк во Кавадарци. Реквизитите ги украл од објектот во кој се оставени сите предмети кои треба да бидат искористени за реконструкции во паркот. Полицијата го пречекала и го отстранила од сообраќај, појасни Колев.

Најави санкции за крадецот. Општината согласно на Законот за комунални дејности и јавна чистота ќе покрене постапка за кражба и уништување на урбана опрема. Полицијата исто така ќе покрене соодветна постапка, рече инспекторот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби