Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муизниек денеска побара истрага за претераната употреба на полициска сила за време на антивладиите протести во Турција во минатиот месец.
– Сите инстанци на прекумерна употреба на сила од страна на поицијата мора да бидат целосно под истрага и адекватно казнети, изјави Муизниек на прес конференција за време на петдневната посета на Турција.
Неговата посета следува по протестите против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган во јуни кога околу 2,5 милиони луѓе излегоа на протести на улиците.
Четири луѓе загинаа и 8.000 беа повредени при насилното растурање на демонстрациите кои почнаа по протест во паркот Гези во Истанбул, но подоцна се претворија во национален протест против Владата.