Ограбени две турски државјанки, фатени сторителите

Од:

СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(49), Ј.З.(53), А.А.(59) и С.А.(50) сите од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Тешка кражба на дрзок начин“ и „Помагање“.

Со намера  за себе да прибават противправна имотна корист на 03.07.2013 год. околу 11 часот на платото испред Стоковна куќа Мост во непосредна близина на Камениот мост, С.С. и Ј.З. извршиле кривично дело „Тешка кражба на дрзок начин“ врз турската државјанка Б.М.(24) од која одзеле две банкноти од по 100 евра и притоа се стекнале со против правна имотна корист од 12.000 денари, а  А.А. и С.А. извршиле кривично дело „Помагање“.

Тешката кражба осомничените ја извршиле на тој начин што додека оштетената заедно со нејзината другарка Ј.Н.(28), исто така турски државјанин, се движеле по платото пред Стоковна Куќа Мост кон Камениот Мост, броејќи ги парите кои предходно ги замениле во блиската менувачница, биле забележани од осомничените по што биле опкружени. Ј.З. ја фатил за рака оштетената и ја убедувал да игра хазардна игра со кибрити, а А.А. и С.А. им го отргнувале вниманието. Во еден момент, С.С. насилно со употреба на физичка сила со рака и ги грабнал парите (200 евра) кои  оштетената ги држела во рака и истиот избегал кон Старата скопска чаршија.

Кога таа и нејзината другарка сакале да повикаат полиција, од страна на тројцата осомничени биле убедувани да не бараат помош, велејќи им дека полицијата не може да им помогне, по што откако во еден момент успеале да ги одвратат во намерата и му помогнале на С.С. да избега, заминале кон Старата скопска чаршија. По кратко време оштетената настанот го пријавила во полиција.

Од страна на Полициски службеници сторителите непосредно по извршувањето на кривичното дело биле пронајдени и приведени во Полициската станица „Центар“ каде се извршени разговори со нив. Од страна на оштетената и нејзината другарка во Полициската станица „Кисела Вода“ извршено е препознавање. Тие ги препознале и сторителите и помагачите при извршувањето на кривичното дело. Со потврда за одземени предмети од С.С. се одземени две банкноти од по 100 евра кои се вратени на оштетената.

Од извршените проверки во крим.евиденциите утврдено е дека лицата  минуваат за извршени повеќе кривични дела и тоа: С.С. минува за сторени КД„Тешки кражби“; Ј.З. за сторени „Тешки кражби“, „Кражби“ „Измама“ и „Дрски кражби“; А.А. за сторени „Тешки кражби“ „Кражби“ „Измама“, „Комар“ и С.А. минува за сторени КД „Тешки кражби“.

Би можело да ве интересира

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски

Четворица осомничени за кражба на половина милион евра од стан во Белград