Вработените во Алфа ТВ започнаа предупредувачки штрајк.
Вестите во 17 часот и 30 минути беа само со тон и инсерти, без новинарски прилози и презентер, а траеја само 10 минути.
„Поради состојбата во која се наоѓа нашата и ваша телевизија Алфа, принудени сме да ги скратиме вестите на 10 минути, без прилози, видео и тонски материјали. Истото се однесува и на останатите информативни програми. А ваквиот формат останува се до надминувањето на состојбите“, пишува во пораката која се емитува на Алфа ТВ.
Вработените на телевизијата бараат исплата на платите за месеците јуни и јули.