Пејачката Барбара Стрејсенд, за време на интервјуто што неодамна го даде за едно списание, објасни зошто има голема одбивност кон марихуаната.
Осумкратната добитничка на Греми зборуваше за своето искуство со марихуана, отфрлајќи ја сугестијата дека би била вознемирена доколку пред неа соработникот на новиот албум би запалил марихуана.
Имено, како дел од нејзиниот нов албум „Ослободи ме: 2“, 79-годишната Стрејсенд ја сними песната „Јас би сакала да бидеш ти“ во дует со Вилијам Нелсон, долгогодишен корисник на марихуана.
„Една вечер за време на моите настапи на Форумот во 70 -тите, навистина го направив тоа, и тоа беше дел од мојот сценски настап“, рече пејачката, објаснувајќи низ смеа дека во тоа време работела со продуцентот Ричард Пери, со кого имала разговор за пушење трева.
„Тоа беше единствениот пат кога пушев“, рече пејачката за „Вараjети“, додавајќи:
“Се обидов еднаш, и не ми се допадна тоа чувство. Така, никогаш повеќе не го направив тоа”, рекла Барбара.
Нејзините искуства со алкохолот се попозитивни, и претпочита да пие пиво со одреден вид храна. Но, се чини дека повеќе се работи за комбинирање на вкусот на хмељ со одредена храна, отколку за чувство на затруеност.
„Сакам пиво со кинеска или италијанска храна“, рече пејачката, додавајќи дека може да биде и безалкохолно пиво.