Филипче: Не е доцна за мерки, само го чекавме моментот

Од:

За министерот Венко Филипче мерките не се донесени доцна, иако бројот на заразени од коронавирус се искачи и по 370 нови на дневно ниво. За него, настаните не се проблем туку непочитувањето на протоколите за време на настаните. Тој кажа дека ако продолжи овој раст во идните недели, вработените во школите и градинките ќе бидат опфатени со задолжително вакцинирање.

„Не е доцна за мерки, мислам дека сосема навремено ги предлагаме сите мерки. Ова беа работи кои ние ги најавуваме дека ќе ги воведуваме, само го чекавме моментот. Ние не можеме да предвидиме дали овој раст ќе продолжи или ќе запре. Се надеваме дека ќе запре. Зошто? Заради тоа што сепак имаме една одредена бројка на вакцинирани граѓани“, рече Филипче.

Инспекторатите, како и до сега, ќе треба да контролираат дали се спроведуваат мерките кои вчера ги донесе Владата.

„Во есенските месеци очекуваме да се зголемат ризик факторите, се враќаат луѓето на работните места, а настаните се префрлаат на затворено. Апелирам да се вакцинираат граѓаните во што поголем број. Вакцините штитат солидно, тоа е единствен начин за стекнување на колективен имунитет. Нема колективен имунитет со само прележување на болеста, тоа е докажано. Без разлика дали граѓаните прележале или не, единствен начин за стекнување на колективен имунитет треба да се вакцинираат со две дози вакцини кои ги имаме на располагање“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни