Најпопуларното, а некои би рекле и најслаткото куче во светот, померанецот Бу стана амбасадор на „Вирџин Америка ерлајнс“.
Претставникот на компанијата објасни дека Бу ја освои титулата на амбасадор, бидејќи тие сакаат и двоножните и четириножните пријатели да се чувствуваат удобно во патувањето.
Сите оние кои ќе се одлучат да патуваат со оваа компанија ќе можат да се послужат со „советите“ од симпатичниот Бу, од неговиот фејсбук профил.
Бу има 5 милиони фанови на фејсбук, меѓу кои се и познатите ѕвезди.
Минатата година малото кученце ја објави и својата прва книга „Бу – животот на најслаткото куче во светот“.