По повеќе предупредувања, припадниците на косовската полиција во Приштина казнија државјанин на Шведска, затоа што се бакнувал со девојката на јавен простор.
Поради тоа, нему му била изречена казна од 450 евра.
Како опис на прекршокот, косовската полиција навела дека се работи за „непристојно однесување, бакнување во јавноста, иако претхосно бил повеќепати предупреден“.
За изрекување на оваа парична казна, полицајците се повикале на одредбата на членот 6 од Законот за јавен ред и мир.