Човекот кој се преправаше дека ги познава случајните минувачки, притоа злоупотребувајќи го нивното двоумење ги гушкаше на сред улуца денеска ќе се најде пред суд.
Обвинителите од судот во Мисури (САД) сега се обидуваат дека случајот против овој „сериски гушкач“ обвинет од 36 – годишна жена е кривично дело.
„Тој и рекол: Еј, се сеќаваш ли на мене? Јас живеам во куќа на аголот од улицата. Како си?“, објасни детективот Маршал Бројтон.
Жената не можела да се сети, а тој набрзина ја изгушкал со што направил таа да се почувствува непријатно.
Осомничениот потоа е идентификуван, според описот на една од неговите жртви.
Детективот Бројтон тврди дека „гушкачот“ стои на тенка линија помеѓу пријателското однесување и вознемирувањето на другите, па главната одлука ќе биде дали тоа е доволна причина да заврши во затвор.