Канческа-Милевска го посети Центарот за култура во Дебар

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со државниот секретар Музафер Бислими денеска престојуваше во Дебар каде оствари работна средба со градоначалникот Ружди Лата.

На средбата беше нагласена важноста од соработката помеѓу централната и локалната власт преку реализација на повеќе проекти од областа на културата, во насока на унапредување на локалниот културен развој.

Канческа-Милевска го посети и Центарот за култура каде изминатиот период беа реализирани повеќе проекти од национален интерес кои придонесуваат за културната афирмација на Дебар.

Според министерката, од особено значење е и фактот што минатата година беа издвоени средства за уредување на влезното плато пред објектот на Центарот за култура со што оваа установа доби нов лик.

– По реконструкцијата на влезното плато, годинава обезбедивме средства за реконструкција и на подрумските простории на Центарот кои до крајот на годината ќе се адаптираат во камерна сцена погодна за одржување помали културни активности, како камерни претстави, музички концерти, истакна Канческа-Милевска.

Од неодамна како дел од проектот на Министерството за култура и Филмскиот фонд за развој на кино-прикажувачката дејност, Центарот за култура доби и современ кино проектор, а од утре граѓаните ќе можат да ги проследат играните филмови „Војната заврши“ и „Ова не е американски филм“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање