ВМРО-ДПМНЕ: Легализацијата на трговијата со криптовалути ќе биде од бенефит и за граѓаните и за правниот промет кон странство

Од:

„Легализацијата на трговијата со криптовалути ќе биде од бенефит и за граѓаните и за правниот промет кон странство. Законското решение кое ќе го изготви ВМРО-ДПМНЕ и ќе го поднесе до Собранието ќе ја легализира трговијата со криптовалути и нивното чување. Граѓаните кои што ќе тргуваат ќе бидат ослободени за тргување со истите од ДДВ, а инвеститорите од данок на доход и данок на добивка најмалку до крајот на 2023 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со формализирање на трговијата ќе им се овозможи на нашите граѓани кои тргуваат со круптовалути да можат да ги разменуваат за пари во Македонија, а на правните лица ќе им се овозможи да вршат плаќања кон странство кон своите добавувачи или клиенти во криптовалути, и сето тоа да биде формално регистрирано како да се работи за жирално плаќање, со тоа ќе се овозможи поголема брзина во трансакциите и пократки временски рокови за вршење на плаќањето.

Над 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти. Пеј Пал тоа го прави во САД, а Виза има дебитни картички кои овозможуваат поддршка на криптовалути. Да фатиме чекор со напредните држави.

Време е за развој. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС