(ВИДЕО) Стојаноски: Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата, блокчејн технологијата и дигитализација

Од:

„Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата, блокчејн технологијата и дигитализација. Големи плати не се возможни со конвенционален пристап или со фабрики за горење на отпад и полиња со марихуана, туку со инвестиции во напредните технологии, ИТ индустријата и блокчејн“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашиот пристап е да ја направиме Македонија привлечно место за ваквите компании од целиот свет, но пред се да ги мотивираме младите да работат на тоа поле, да отвораат старт ап компании и да го освојуваат светот на науката и модерните технологии.

Со инвестиции во ИТ индустријата ќе дојдеме и до повеќе пари во буџетот, што ќе значи и поголеми инвестиции во инфраструктурата, образованието, здравството и другите витални сегменти за државата.

Додека со високите плати ќе ја стимулираме и потрошувачката, што само по себе ќе биде мотор на економијата.

Плата од 750 евра е возможна и ВМРО-ДПМНЕ докажало дека работи и гради.

ВМРО-ДПМНЕ докажало дека го остварува ветеното.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС